Познат е распоредот во Лигата на нациите, Македонија стартува и завршува против Фарски Острови

Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа ги дозна противниците за новото издание во Лигата на нациите, а денеска е одреден распоред на натпревари.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе бидат дел од Ц4 групата заедно со Ерменија, Фарски Острови и Летонија.

Според распоредот, Македонија ќе ги започне и ќе ги заврши настапите со ист противник, Фарски Острови. Првиот натпревар ќе го игра на гости на седми септември, а последниот меч ќе го одигра на Националната Арена „Тодор Проески“ на 17 ноември.

Распоредот на натпревари на Македонија:
Фарски Острови – Македонија (7.9.24 – 15 часот)
Македонија – Ерменија (10.9.24 – 20:45 часот)
Летонија – Македонија (10.10.24 – 20.45 часот)
Ермeнија – Македонија (13.10.24 – 18 часот)
Македонија – Летонија (14.11.24 – 20:45 часот)
Македонија – Фарски Острови (17.11.24 – 15 часот)

- Оглас -

Најнови вести