Познат француски новинар тврди: Меси оди во ПСЖ!

Сапуницата околу иднината на Лионел Меси нема крај, епилогот веројатно нема да се знае уште половина година, а иако од Барселона ќе направат сè за да го задржат, тој можеби ќе си замине и тоа во Пари Сен Жермен, каде повторно би бил соиграч со блискиот пријател Нејмар.

Има шпекулација дека Нејмар може да се врати во Барса, но со оглед на финансиската состојба на клубот, тоа е тешко, и поверојатно е Бразилецот и Аргетинецот да се спојат во Париз. Познатиот француски спортски новинар од Радио Монте Карло, Даниел Риоло, објави дека Меси во следната сезона ќе игра во ПСЖ и дека ова што го напишал не е шега туку вистина.

„Меси следната сезона ќе игра за ПСЖ. Да, сериозен сум, Меси ќе биде играч на Пари Сен Жермен“ – објави Риоло кој има голем број следбеници на Твитер.

Ова доаѓа само еден ден откако најголемата ѕвезда на ПСЖ, Нејмар, изјави дека најголема желба му е следната сезона да игра заедно со Меси и убеден беше дека тоа ќе се случи следната сезона, и ќе му дозволи на Меси да игра на крилната позиција која сега ја покрива Нејмар. Бразилецот ги известил Светците дека ќе го продолжи договорот (има договор до 2022) со нив само ако го донесат Меси.

Договорот на Меси со Барса истекува во јуни, но претходно има претседателски избори во клубот и сите кандидати ветуваат дека ќе го задржат на „Камп Ноу“.

Привлекувањето на скапиот Меси може да значи заминување на Килијан Мбапе за кого сериозен интерес има од Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести