Познат германски новинар најави дека Јирген Клоп ќе стане селектор на Германија

Германската фудбалска федерација планира да го покани Јирген Клоп на местото селектор на германската репрезентација во случај на заминување на Јулијан Нагелсман, кој може да се врати во Баерн, објави познатиот и обично добро информиран новинар Кристијан Фалк.

Нагелсман е еден од фаворитите да го замени Томас Тухел на клупата на Баерн, откако Баварците се во сериозен ризик да не освојат никаков трофеј за прв пат по 2012 година.

Договорот на Нагелсман со германската репрезентација завршува по Европското првенство кое летово ќе се игра во нивната земја.

- Оглас -

Најнови вести