Позната е причината зошто Челзи му се спротивстави на Ливерпул без својот прв голман

Челзи и Ливерпул одиграа 1-1 во првото дерби во новата сезона на Премиер лигата. Она што го привлече вниманието на фудбалската е јавност е отсуството на првиот голман на сините од “Стемфорд бриџ“, Кепа Аризабалага.

Според шпекулациите, шпанецот бил изоставен од составот бидејќи е пред трансфер во Реал Мадрид, кој остана без својот прв голман после повредата на Тибо Куртоа.

Аризабалага е најскапиот светски голман, со оглед на тоа дека Челзи за него му плати на Атлетик Билбао 80 милиони евра во 2018-тата година. Неговата моментална вредност е 18 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести