Позната е сумата за која Онана може да си замине од Интер

Голманот на Интер, Андре Онана, доби дозвола да си замине од „Џузепе Меаца“ во летниот преоден рок, доколку некоја екипа плати отштета од 50 милиони евра.

Најголем интерес за Онана пројавува Манчестер јунајтед кој бара замена за Давид де Хеа.

Но, англиските медиуми се сомневаат дека управата на Јунајтед ќе се согласи да плати 50 милиони евра за голманот на Интер.

Онана во Интер пристигна минатата година, а претходно шест сезони го носеше дресот на Ајакс. За репрезентацијата на Камерун одигра 34 натпревари, но објави дека заврши со настапите за националниот тим по Светското првенство кое минатата година се одржа во Катар.

- Оглас -

Најнови вести