Позната казната за Ѕвезда за навредите кон Ибрахимовиќ

УЕФА ја казни Црвена ѕвезда со еден меч без навивачи во европските натпреварувања штом се озвозможи враќање на фановите на трибините по пандемијата со корона-вирусот. Исто така за српскиот првак е изречена условна казна од една година во која доколку се случи сличен инцидент како што беше навредувањето на Златан Ибрахимовиќ во дуелот меѓу Ѕвезда и Милан, кој се одигра во Белград во рамките од 1/16-финалето во Лигата на Европа, повторно ќе бидат затворени вратите популарната „Маракана“.

Казната е за навредите врз расна основа упатени кон шведската ѕвезда од страна на присутните гледачи на „Рајко Митиќ“, кои се наоѓаа во ВИП-ложата од стадионот. Воедно, Ѕвезда ќе треба да плати 25.000 евра за навредите, односно дополнителни 5.000 евра за прекршување на протоколот против ковид-19 и дозволување на гледачи за време на натпреварот.

УЕФА исто така го принуди поранешниот европски првак да постави транспарент на една од трибините на кој ќе пишува „Say no to rasizm“ заедно со амблемот на Европската фудбалка куќа.

- Оглас -

Најнови вести