Позната територија за прогнозерите – Сите двојки на Спортска прогноза се од Топ-5 лигите

Позната задача имаат учесниците во Спортска прогноза бидејќи во второто коло од новата сезона на бесплатната игра сите двојки што ви ги нудиме за типување се од Топ-5 лигите во Европа.

Тоа ветува возбудлива трка по поени и зошто да не и максимален број на погодени натпревари на популарната Тринаесетка, што носи прекрасна награда во секое коло, „ајфон 11“.

Прогнозирањето е веќе почнато и можете да го попoлнувате вашиот тикет на интернет-страницата на Sport Life. Принципот е многу едноставен, треба да имате СЛ картичка или да сте активни улесници во ОНЛАЈН обложувањето Sport Life.

Во фокусот во оваа рунда, што има и премиерни мечеви од германската Бундеслига и од италијанската Серија А, е дуелот меѓу Челзи и Ливерпул.

Дербито во Премир лигата ќе се игра в недела од 17.30 часот на „Стемфорд бриџ“ и ќе биде вистински лакмус за екипите кои се во групата на топ-фаворити за титулата во Англија.

Вашите прогнози можете да ги комбинирате до 15.30 часот во сабота, кога почнуваат двата дуели од Бундеслигата што се на менито на Тринаесетката во ова коло.

Во Бремен на Вердер ќе му гостува Херта, а Штутгарт со нашиот Дарко Чурлинов ќе му биде домаќин на Фрајбург.

Половина час подоцна ќе се игра мини-дербито во Премиер лигата меѓу двата нови прволигаши Лидс и Фулам, а се надеваме дека кај домаќините во најсилната англиска лига конечно ќе дебитира и Езџан Алиоски, откако не настапи на „Енфилд роуд“ против Ливерпул.

Во истиот термин во Ла Лига, Вилјареал ќе игра против Еибар, а од 18 часот ќе играат Фиорентина и Торино на стартот од новата сезона во Серија А. Тоа се петте двојки во сабота за добар почеток на второто коло на Спортска прогноза.

Следуваат уште шест меча во недела, со мегадерби на „Стемфорд бриџ“, а колото ќе заврши во понеделник со последните два дуели.

Не заборавајте да прогнозирате, за новите учесници потсетување дека играта е бесплатна, а има многу интересни награди и доделуваме „ајфон 11“ во секое коло, па не е доцна да се приклучите.

Sport Life и Спорт Манија стандардно веќе трета сезона ги наградуваат и утките, па сите што ќе имаат по 12 погодени натпревари, ќе добијат ваучери од по 1.000 денари, а за погодени 11 меча ви следува ваучер од 500 денари.

Секако, важни се и поените од резервните парови во секое коло бидејќи важат во битката за подобри позиции во Генералниот пласман.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести