Познати се сите играчи кои ќе бидат дел од Олстар-мечот во Чикаго

Чикаго ќе биде домаќин на Олстар-шоуто кое од 14 до 16 февруари ќе се случи по 69-ти пат во НБА-лигата. Навивачите, медиумите и самите играчи гласаат и уште пред една недела ги одбраа почетните петорки.

На Истокот во стартните пет ќе бидат: Треј Јанг, Кемба Вокер, Јанис Адетокумбо, Паскал Сијакам и Џоел Ембид, додека на Западот се: Лука Дончиќ, Џејмс Харден, Леброн Џејмс, Кавај Ленард и Ентони Дејвис.

Покрај стартерите, тренерите во НБА ги одбраа и 14-те играчи кои ќе бидат резерви во двата состави.

- Оглас -

Најнови вести