Познати сите четврт-финални дуели на Афкон

Тунис е последниот патник во четврт-финалето на Африканскиот куп на нациите. Во неизвесен меч, Тунис дури по подобро изведување на пенали ја елиминираше Гана. Во регуларниот дел мечот заврши 1:1, а откако немаше погодоци во дополнителните 30 минути, мораше да се изведуваат пенали. Тунис на крајот се радуваше со 5:4 и си обезбеди дуел против Мадагаскар во следната фаза.

Денеска место меѓу осумте најдобри обезбеди и Брегот на Слоновата Коска, кој со 1:0 славеше против Мали. Херој на Брегот беше напаѓачот на Кристал Палас, Вилфрид Заха, кој го даде единствениот гол во 76-тата минута, доволен за пласман во четврт-финалето и меч против Алжир.

Во останатите две четврт-финалиња ќе се сретнат: Нигерија против Јужна Африка, односно Сенегал против Бенин.

 

- Оглас -

Најнови вести