Познати се сите четвртфинални двојки од ракометната ЛШ: ГОГ оди на Барса, Веспрем против Кјелце

Со одигрувањето на вечерашните реванши од двете осминафиналиња, познати се сите четвртфинални двојки од ракометната Лига на шампиони за мажи.

Телеком Веспрем, кој беше многу подобар од унгарскиот ривал ПИК Сегед, во четвртфиналето ќе игра со полскиот Кјелце, а ГОГ од Гудме се радуваше во данскиот дуел со Алборг и ќе се сретне со Барселона. На првиот меч Алборг победи со два гола разлика, а вечерва ГОГ дома триумфира со плус осум (32-24).

Освен Кјелце – Веспрем и Барса – ГОГ, четвртфинални парови се и ПСЖ – Кил и Магдебург – Висла Плоцк.

- Оглас -

Најнови вести