Познати составите: Ќе има спектакл вечерва во ЛШ, треба да има многу голови

Реал Мадрид и Манчестер сити одиграа четири пати во последните две години и секогаш било интересно и богато со голови, па така се очекува да биде и сега. Двете екипи стандардно офанзивно се расположени.

Кралскиот клуб во нападот ќе ги има Бразилците Винисиус јуниор и Родриго, заедно со опасниот Белингам. Кај гостите во офанзивниот ред се Ерлинг Халанд и Фил Фоден кои ќе бидат потпомогнати од Бернардо Силва, Родри, Грилиш…

Во Лондон, Арсенал тргнува офанзивно против разнишаниот Баерн Минхен. Топчиите се во формација 4-3-3 со Мартинели, Хаверц и Сака кои ќе бидат задолжени за погодоци.

Баерн Минхен кој претрпе два порази во последните 10 дена во Бундеслигата, постави порезервиран формација (4-2-3-1), во која Кејн е најистурен напред, а зад него ќе бидат Сане, Мусиела и Гнабри.

- Оглас -

Најнови вести