Познато е кога Македонија ќе игра против Германија во Скопје!

Македонската фудбалска репрезентација го доби комплетниот распоред за квалификациите за Светското првенство 2022 година. Нашата селекција е во група со Германија, Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн.

Според распоредот, Македонија во првиот меч на 25 март ќе гостува кај Романија. Тоа што најмногу ги интересира нашите навивачи, се знае и кога ќе гостува Германија во Скопје.

Според распоредот, Македонија против повеќекратниот европски и светски првак во Скопје ќе игра на 11 октомври. Тоа е денот кој го славиме како почеток на вооружениот отпор против окупаторот за време на Втората светска војна во 1941 година.

Последниот меч Македнија ќе го игра дома на 14 ноември против Исланд и се надеваме дека тоа ќе биде дуел на кој ќе треба да го славиме барем второто место во групата.

Во продолжение може да го видите комплетниот распоред на УЕФА за мечевите од квалификациите за СП 2022 година, за групата во која е Македонија.

- Оглас -

Најнови вести