Познато е кога може да гледаме дуел Ѓоковиќ – Надал

По одигрувањето на вечерашното финале на Грен слем турнирот во Њујорк меѓу Доминик Тим и Александер Зверев, тениските возбудувања се селат во Европа. Следен на програмата е Мастерсот во Рим на кој ќе игра и Рафаел Надал. Шпанецот го пропушти САД Опен, но сега е подготвен да го продолжи ривалството со Новак Ѓоковиќ.

Организаторите на Мастерсот во Рим ја направија ждрепката, а многумина очекуваат дека во финалето на овој престижен турнир ќе гледаме дуел Ѓоковиќ – Надал. Двајцата тенисери се во различен дел од „костурот“ на ждрепката, па евентуален нивни дуел може да гледаме само во финалето.

Најдобриот тенисер во светот кој беше дисквалификуван на САД Опен, во првото коло во Рим ќе биде слободен, а потоа го чека подобриот од дуелот меѓу Салваторе Карузо и квалификант. Надал за ривал го има Карењо-Буста играчот против кој Ѓоковиќ играше кога беше исфрлен од Грен слемот во САД.

 

- Оглас -

Најнови вести