Познато е кои два тима ќе се борат за влез во Серија А

Екипата на Калјари одигра без голови на гостувањето кај Парма, во реванш мечот од полуфиналето на плејофот за пласман во Серија А, а тоа беше доволно да се радува на место во финалето. Калјари на првиот меч дома славеше со 3:2 и тоа по голем пресврт, откако губеше со 0:2. Токму тој пресврт беше доволен за на крајот да ја елиминира Парма и Калјари да има шанси по пауза од само една година помината во Серија Б, повторно да се врати во елитното друштво.

Во место за Серија А, Калјари ќе игра против Бари. Првиот меч ќе се игра на 8 јуни, а домаќин ќе биде Калјари додека реваншот на 11 јуни ќе се игра на теренот на Бари.

Фросиноне и Џенова се двете екипи кои од Серија Б се изборија за директно учество во елитното италијанско фудбалско друштво за следната сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести