Познато е кој фудбалер сигурно ќе го напушти Реал налето: Слободен е за 50 милиони евра

Едуардо Камавинга со сигурност ќе биде еден од фудбалерите кои ќе го напуштат Реал Мадрид налето. Спортскиот дел од раководството на „кралевите“ веќе одлучило дека тој е прекуброен и веќе го ставиле на трансфер-листата.

Очекувањата на Реал Мадрид се дека ќе добијат 50 милиони евра за Камавинга, а неговата продажба воопшто нема да биде проблем, бидејќи интерес има од Ливерпул и Челзи – две екипи за кои воопшто нема да биде проблем да ја платат оваа сума.

Камавинга во Реал Мадрид пристигна во 2021 година од Рен за сума од 32 милиони евра, а актуелниот договор му е со важност до 2029 година.

- Оглас -

Најнови вести