Три англиски великани чекаат Вест хем да испадне за да ја купат ѕвездата на клубот

Три англиски великани, Ливерпул, Челзи и Манчестер јунајтед, внимателно ја следат ситуацијата околу капитенот на Вест хем, Џерод Боувен, тврдат англиските медиуми.

Чеканите се наоѓаат во сериозна опасност од испаѓање бидејќи моментално се во зоната за испаѓање и имаат два бода помалку од Тотенхем, кој е на 17-тата позиција.

Евентуалната преселба во понизок ранг би можело да го принуди Вест хем да се раздели со неколку клучни фудбалери, а Боувен важи за најпосакуваното име на трансфер-пазарот.

Дваесет и деветгодишниот офанзивец веќе неколку сезони игра во одлична форма и покрај нестабилните резултати на тимот. Во актуелната сезона тој повторно демонстрира константност, а добрите партии му донесоа и шпекулации за можен повик од Томас Тухел за претстојното Светско првенство во САД, Мексико и Канада.

Боувен може да игра како крилен напаѓач, но и како централен офанзивец, а во пет од шесте целосни сезони во дресот на Вест хем има двоцифрен број голови.

Токму неговата разновидност, искуството и константните настапи ги привлекоа водечките англиски клубови, кои се подготвени да реагираат доколку Вест хем испадне од Премиер лигата.

Во таков случај, цената на англискиот репрезентативец би била значително пониска, што дополнително го зголемува интересот за неговиот потпис.

- Оглас -

Најнови вести