Капитенот на мароканската репрезентација, Ашраф Хакими, се очекува да се врати во составот на Пари Сен Жермен во финалето од Лигата на шампионите против Арсенал, кое е закажано за 30 мај, пренесува „Л’Екип“.
Десниот бек, кој е меѓу најценетите играчи на својата позиција во светскиот фудбал, се здоби со повреда на бутниот мускул на првиот полуфинален дуел против Баерн Минхен и беше надвор од терените речиси три недели, додека траеше неговата трка со времето за закрепнување.
Сега ситуацијата е значително подобрена. Хакими веќе тренира со тимот и е подготвен да конкурира за настап во најважниот натпревар од сезоната за ПСЖ.
Во меѓувреме, вниманието во таборот на францускиот шампион е насочено кон Осман Дембеле, кој заработи повреда на мускулот на десната потколеница на натпреварот против ФК Париз.
ПСЖ се надева дека и покрај повредата, ќе може да смета на својот клучен офанзивец во финалето, во кое клубот ќе се обиде да стигне до уште еден европски трофеј.

