Младиот талент на Арсенал, Макс Дауман, запиша уште еден рекорд оваа сезона со синоќешното освојување на титулата во англиската елита.
Со своите 16 години и 144 дена, десното крило стана најмладиот шампион во историјата на Премиер лигата. Англичанецот го надмина досегашниот рекорд на Фил Фоден од Манчестер сити, поставен во сезоната 2017/18, со 17 години и 350 дена.
Досегашното најдобро достигнување во Арсенал беше на Гаел Клиши од сезоната 2003/04, со 18 години и 294 дена.
Во тековната сезона, Дауман има одиграно 12 натпревари во сите натпреварувања за првиот тим на Топчиите, при што има еден гол и една асистенција во 415 одиграни минути.

