Познато е колку ќе паузира омилениот играч на Зидан

Тони Крос има повреда на левиот колк и нема да настапи на следните два натпревари на Реал Мадрид во лигата. Германецот беше заменет пред крајот на првото полувреме на дуелот со Бетис во саботата, а сега е потврдено за каква повреда станува збор.

Крос нема да може да игра на дуелите со Валјадолид задутре и со Леванте в недела, а можеби нема да игра ни за репрезентацијата на Германија во Лигата на нациите на 10 и 13 октомври против Украина, односно Швајцарија.

Она што најмногу ги интересира фановите на Реал беше дали Крос ќе се врати за Ел Класико на „Камп ноу“ на 25 октомври, но не би требало да има проблем и тој ќе се врати во тимот претходно. Крос е еден од милениците на тренерот Зинедин Зидан, Тони е еден од незаменливите кај Зизу, играч со најголема минутажа, и затоа ова е удар за тактичките замисли на францускиот стручњак.

Последен пат кога Крос пропушти меч поради повреда, лани против Мајорка, Реал загуби. Но, завчера против Бетис, со Крос кој беше виновник при едниот примен гол, Реал губеше, а кога на негово место влезе Модриќ, Кралевите заиграа подобро.

- Оглас -

Најнови вести