Познато е колку се сериозни повредите на Драгиќ и Адебајо

Мајами хит губи со 1:0 од Лос Анџелес лејкерс во финалето од плејофот во НБА-лигата. Поразот во стартниот меч сепак не е најголем проблем за Жешките. Поголема грижа претставува тоа што двајца од стартерите се повредија и предвреме го завршија мечот.

Горан Драгиќ заработи повреда на стапалото, а по првичните прегледи, се работи за сериозна повреда која бара мирување. Словенечкиот интернационалец сигурно нема да игра во вториот меч, а тешко дека би можело да се врати на теренот до крајот на финалната серија.

Бам Адебало се пожали на истегнување на рамото и кога излезе во третата четвртина, не се врати во игра. Лекарите прогнозираат дека сепак неговата повреда не е толку опасна и високиот играч би требало да биде подготвен за вториот меч од финалето кое се игра од петок кон сабота во три часот наутро.

Рано утрово Лејкерс без поголем проблем славеше против Мајами со убедливи 116:98. 

- Оглас -

Најнови вести