Познато е колу ќе добијат играчите на Реал по намалувањето на платите

Поради пандемијата со Коронавирусот, голем дел од клубовите побараа од своите играчи да се согласат за намалување на платите. Дури и во најтрофејниот шпански клуб Реал Мадрид, има кратење на платите. Фудбалерите се согласија да има 10 отсто намалување во следните година дена. Доколку првенството не се продолжи, намалувањето ќе биде 20 отсто, но тоа е малку веројатно ако се знае дека се подготвува продолжување.

И покрај намалувањето на платите, ѕвездите на Реал Мадрид нема да осетат финансиска криза, затоа што повтроно ќе бројат милиони евра на своето конто. Еден Азар и Герет Бејл се фудбалерите со најголеми плати и во оваа криза. Тие ќе заработат по 12 милиони евра по сезона и се пред капитенот Серхио Рамос кој годишната плата ќе му изнесува 10,8 милиони евра.

На листата на најплатени во Реал потоа следуваат Тони Крос со 10,5 милиони евра, Лука Модриќ 9,4 милиони евра, Марсело (8,5 милиони евра), Карим Бензема (7,8 милиони евра), Џејмс Родригез (7,6 милиони евра)…

- Оглас -

Најнови вести