Познато е местото кое ќе биде македонска фан зона во Краков (Фото)

Македонските ракометни навивачи се очекува денеска и утре да го „обојат“ во црвена и жолта боја градот Краков, местото кое е домаќин на Светското првенство на кое игра и нашата репрезентација. Македонија утре го игра првиот меч против Норвешка, во група за противници ги имаше и Холандија и Аргентина.

Според прогнозите, повеќе од 10 автобуси со македонски навивачи ќе пристигнат во Краков, а ќе има и фанови кои ќе допатуваат со автомобили, па бројката треба да се движи меѓу 600 и 800 луѓе.

Како и на секое големо натпреварување, македонските навивачи се собираат во посебна фан зона, а според најавите во Краков, базата за македонските навивачи ќе биде пабот „Browar Lubicz“.

Според објавата на фејсбук-страницата „Македонци во Полска“, има информација во која се вели „Од петок 13.01, околу 16 часот се отвора фан зоната во Browar Lubicz во Краков, која ќе трае до последниот наш меч на 17.01. Ќе служи за место за собирање пред меч и следење на натпреварите на тие што нема да одат во сала. Доаѓаат неколку автобуси навивачи од Скопје, така што ќе биде интересно во црвено-жолтите бои. Се гледаме“.

browar lubicz

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести