Познато име ќе го смени Билиќ во ВБА – Одигра само еден меч за нив, сега ќе ги спасува од испаѓање

Сем Алардајс ќе има шанса да ја заокружи авантурата во Вест Бромич албион, клуб за кој одигра само еден меч во кариерата, и тоа со двојна улога, фудбалер и помошен тренер во последната декада од минатиот век.

Биг Сем, како што го нарекуваат на Островот, сега ќе биде шеф на стручниот штаб на Албион, како наследник на Славен Билиќ, кој денеска доби отказ.

Алардајс е едно од најпочитуваните тренерски имиња во Англија, беше и селектор на наципоналниот тим, а најавено е дека ќе потпише 18-месечен договор со ВБА.

Ќе има и клаузула дека може да си замине, а со клубот од Бирмингам ќе испадне од Премиер лигата. Моментно популарните Багис се претпоследни во англиското првенство со 7 бода од 13 натпревари.

Алардајс има големо искуство како тренер на неколку клуба што под негова команда играа во Премиер лигата. Беше менаџер на Болтон, Њукасл, Блекбурн, Вест хем, Сандерленд, Кристал палас и Евертон.

Без ангажман е од мај 2018 година, откако една година подоцна ја одби понудата на Њукасл повторно да им биде менаџер.

 

- Оглас -

Најнови вести