Познато кога ќе стартува новата сезона во НБА

Асоцијацијата на кошаркари и раководството на НБА-лигата донесоа заемна одлука околу почетокот на сезоната 2020/21 во НБА-лигата. Новото издание на најатрактивната кошаркарска лига во светот ќе почне на 22 декември, а регуларниот дел се скратува на 10 натпревари помалку, односно ќе се играат 72 меча, наместо 82 како по обичај.

На оваа тема се дискутираше непосредно по завршувањето минатата сезона во која ЛА лејкерс ја освоија 17-тата титула во историјата на франшизата. Доцниот старт на новиот шампионат е поради што разигрувањата траеја до средината на октомври, откако лигата беше во застој цели четири месеци поради пандемијата со корона-вирусот.

Засега останува нејасно дали и во новата сезона екипите ќе играат пред празни трибини, а доколку не се најде решение за враќање на навивачите во салите, лигата може да претрпи финансиска загуба од околу четири милијарди долари.

- Оглас -

Најнови вести