Познато кој ќе дели правда во финалето Ливерпул – Тотенхем

Европската фудбалска асоцијација, УЕФА, одлучи словенечкиот судија Дамир Скомина да биде главен арбитер на финалето од Лигата на шампионите на 1 јуни, кога во Мадрид ќе се судрат Ливерпул и Тотенхем.

Скомина има 42 години, знакот на ФИФА го има од 2002 година, а пред две сезони тој го водеше финалето на Лигата на Европа меѓу Манчестер јунајтед и Ајакс, додека пред седум години делеше правда на дуелот од Суперкупот Челзи – Атлетико Мадрид. Во 2013, во финалето Баерн – Борусија тој беше четврти судија. Сезонава судеше на четири меча од ЛШ и два од ЛЕ. Во Лигата на Европа, финалето Арсенал – Челзи во Баку ќе го суди Италијанецот Џанлука Роки.

 

- Оглас -

Најнови вести