Познато зошто не се оствари големиот трансфер во последниот ден од јануари

Последниот ден од јануарскиот преоден рок почна со шпекулација дека Тотенхем ќе прави сензационален трансфер и ќе го врати Герет Бејл во Лондон. Меѓутоа, остана само на шпекулација, преговорите се завршија уште пред да почнат бидејќи Велшанецот одбил да се откаже од својата астрономска плата.

На Бејл очигледно парите му се на прво место, наместо да игра редовно, па наводно немал намера да ги скрати примањата кои се на 450.000 фунти неделно и договорот кој му важи до јуни 2022 година. Тотенхем не може да си дозволи да троши толкав дел од средствата само на еден играч, па затоа управата се обиде да најде заеднички јазик со Реал со тоа што ќе исплати 50 милиони евра за нивната поранешна ѕвезда, а дел од тие пари Кралевите да му ги исплатат како предвремена отштета, а воедно Тотенхем да му доплати на Бејл уште 15 милиони евра, исто како да ја заработува платата во Мадрид.

Но, тој предлог не се прифати, па Бејл остана во шпанската престолнина и ќе биде таму најмалку до крајот на оваа сезона. Потоа ќе следи нова сага и секако ќе биде една од најследените бидејќи веќе извесно време се шпекулира дека Реал сака да се ослободи од прескапо платениот офанзивец.

- Оглас -

Најнови вести