Ќе се чудат – Пранди со страшен гол им испрати вистински одговор на самобендисаните Американци (Видео)

Францускиот ракометар Елохим Пранди постигна чудесен гол со шрауба на мечот од ЕХФ-купот и испрати вистински одговор до ЕСПН, телевизија која во една од своите емисии се потсмеваше со коментар дека селекција со Леброн Џејмс и квотербекот Џеј Кутлер лесно би освоила злато на Олимписките игри во Токио.

Пранди со овој гол од многу тешка ситуација и без гледање сигурно ќе конкурира за најубав погодок на сезоната, а Американците малку стивнаа со фалбаџискиот однос откако неколку големи спортски ѕвезди од калибарот на Лука Дончиќ, Јусуф Нуркиќ… им реплициираа дека се во голема заблуда.

https://twitter.com/ehf_ec/status/1226562622729998337?s=20

Сега можат да го погледнат и голот на Пранди за Ним против Рајн Некар и да се восхитуваат на ремек-дело во ракометот.

- Оглас -

Најнови вести