Прашање за милион евра – Дали за Интер оправдано беа досудени пеналите? (ВИДЕО)

Интер оствари победа од 4:2 над Јувентус во финалето на Копа Италија, но и овој меч предизвика големи полемики.

За Нераѕурите беа досудени два сомнителни пенали по консултација на ВАР со главниот судија Паоло Валери.

Првиот беше во 79-тата минута, откако Леонардо Бонучи имаше дуел со Лаутаро Мартинез, по што Аргентинецот падна на земјата.

Вториот, кој се чини дека беше правилно досуден, беше во судиското продолжение откако Матјас де Лихт го собори Стефан Де Вреј.

- Оглас -

Најнови вести