Пред 10 години беше петтолигаш, а сега се бори за влез во Премиер лигата

Дека фудбалот е неверојатен и испишува различни приказни потврдува и тоа што го прави екипата на Лутон Таун. Филмски делува фактот дека тоа е клуб кој пред само 10 години играше во петата лига и беше полуаматерски, а сега е пред историски успех и се бори за влез во Премиер лигата.

По 37 одиграни кола во Чемпионшип, Лутон е на четвртото место на табелата со 63 бодови и речиси сигурен пласман во плејофот за влез во Премиер лигата. Лутон уште може да се бори и за второто место на табелата, кое носи директен пласман во елитата.

Лутон во 2014 година ја освои Националната лига (петта лига во Англија), а во следните години напредуваше уште три скалила и сега е пред влез во најквалитетното друштво. творец на оваа фудбалска бајка е претседателот на клубот Дејвид Вилкинсон кој со еден од најмалите буџети го доведе клубот на чекор од остварување на сонот.

Минатата година Лутон играше во плеј-офот за влез во Премиер лигата, но загубија во полуфиналето, но сега се подготвени да одат до крајот. Како би било Лутон кој досега беше најпознат по аеродромот што е во билизина, од следната сезона да им биде ривал на Манчестер јунајтед, Ливерпул, Челси, Сити, Арсенал…

- Оглас -

Најнови вести