Пред 18 месеци беше аматер, сега е ѕвезда на колото во Бундеслигата

Мариус Бултер е играчот за кој до пред овој викенд, ретко кој знаеше во фудбалот. Играчот кој има 26 години го носи дресот на Унион Берлин, а од вчера е и херој на клубот од главнот град на Германија. Бултер даде два гола во историската прва победа на Унион во Бундеслигата и тоа не против било кого, туку во дуел со Борусија Дортмунд (3:1).

Ни самиот Мариус не можеше да верува дека тој даде два гола на Борусија Дортмунд. Пред само 18 месеци, Бултер беше член на четвртолигашот Родингхаусен и играше аматерски фудбал. Тогаш даде 20 погодоци во 30 меча и го привлече вниманието на Магдебург, кој влезе од трета во втора лига.

Во Магдебург не се прослави, па во 32 меча во втората германска лига даде само четири гола, а оваа екипа повторно се врати во третата лига. Парарелно со фудбалот тој завршил факултет и сега е инжинер. Летово, од Унион Берлин го побараа Бултер да дојде како позајмен играч.

Иако најави дека не е навикнат на темпо како во Бундеслигата, на дуелот против Борусија, Мариус блесна и со два гола ги сруши „милионерите“.

- Оглас -

Најнови вести