Пред 65 години, денеска, па којзнае кога пак

Италија ја совлада Грција со 2-0, а она што беше необично, беше бојата на дресовите на домашната репрезентација.

После цели 65 години, Италијанците првпат играа во зелени дресови, а оваа боја која е необична за репрезентацијата иако имаат на знамето една третина им е во зелена боја, им донесе среќа и успех против нашиот јужен сосед. Од фудбалската федерација и произведувачот на опремата, објаснија дека бојата е избрана за да потсетува на ренесансниот период.

Екипата на селекторот Роберто Манчини доживува ренесанса во овој циклус и во квалификациите има максимални 21 бода од седум настапи.

Грците добро се бранеа до средината на второто полувреме, а тогаш Жоржињо од пенал и Бернардески, го потврдија учеството на Италија на континеталниот шампионат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести