Пред Азар се три опции: МЛС лигата, Белгија, или пензија

На 3 јуни заврши неуспешната авантура на Еден Азар во Реал Мадрид, после четири сезони полни со повреди и седење на клупата за резерви, Белгиецот се согласи да си замине, како што побараа од него.

Сега Азар е слободен агент и разгледува две фудбалски опции, а третата варијанта му е пензија и завршување на кариерата.

Интерес за него има од клубови од МЛС лигата во САД и Канада. Опција е и враќање во родната Белгија и играње во белгиската лига, на пример во клубот Моленбек кој влезе во прва лига и во кој игра братот на Еден, Килијан Азар.

Азар со семејството живее во Мадрид, и вели дека таму им е убаво, па не е исклучено и да престане со активното играње фудбал и да се посвети на петте деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести