Пред четири дена заби во контролка, а денес е позитивен на ковид-19

Вилијан Хосе е шестиот играч на Реал Сосиедад кој се зарази со корона-вирус ова лето, по Давид Силва, Ојарзабал, Јанузај, Елустондо и Родригес.

Бразилскиот голгетер ќе го пропушти стартот на сезоната во Ла Лига, поточно дуелот против Валјадолид во првото коло, а многу веројатно нема да биде во составот и за мечот против Реал Мадрид на 19 септември.

„Жал ми е што ќе го пропуштам стартот на новата сезона и нема да бидам во тимот да им помогнам на соиграчите. Се надевам ќе се вратам што поскоро“, напиша Хосе на „Инстаграм“.

Инаку, Вилијан Хосе пред четири дена ја донесе победата за Сосиедад од 1-0 во контролката против Осасуна.

- Оглас -

Најнови вести