Пред десет дена играше во Скопје, а вечерва го елиминира светскиот првак (Фото+Видео)

Ветеранот Најџел Бонд приреди сензација на еден од најсилните снукер турнири на светот, Отвореното првенство на Обединетото кралство. Тој во третото коло го елиминираше светскиот првак и прворангиран играч на светот, Џад Трамп.

Бонд, кој има 54 години, иако е во залез на кариерата, покажа дека има огромно знаење, а бидејќи е чест посетител во Македонија, тој знаењето го пренесува и на нашите играчи. Поразениот Трамп рече дека би сакал и тој да игра вака кога ќе биде на сегашната возраст на Бонд.

Само пред десетина дена, Бонд во Скопје одигра една пријателска партија снукер со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, а имаше прием и кај првиот човек на Македонскиот олимписки комитет, Васил Тупурковски.

На мечевите од првенството на Обединетото Кралство во снукер можете да се обложите во Sport Life.

Ова е последниот поен со кој Бонд го совлада Трамп со 6-3 во фрејмови:

 

- Оглас -

Најнови вести