Пред Дончиќ и Словенија падна и големата Шпанија

Словенија го доби дербито против светскиот првак Шпанија со 95:87 за освојување на првото место во групата Ц на кошаркарскиот турнир во Токио.

Сензационалниот Лука Дончиќ овојпат реализираше под просекот, но со 12 поени, 14 скока и 9 асистенции беше на прагот до трипл-дабл учинок. Херој од сенка за европскиот првак беше Чанчар со 22 поени, Препелиќ застана на 15 поени, додека Тобеј оствари дабл-дабл со 14 поени и исто толку скока за словенечкиот состав.

Фуријата имаше резултатска контрола во поголемиот дел од средбата, во третиот период стигна и до најсвисока +12 разлика, но Словенците израмнија на стартот од последните 10 минути најавувајќи драма. Последните две минути потполно припаднаа на Словенија, па со максимален учинок влегува во четвртфиналната фаза.

 

 

- Оглас -

Најнови вести