Пред два и пол месеца дојде во клубот, настрада во еден напад на хулигани, а сега доби отказ

Францускиот прволигаш Олимпик Лион реши да го отпушти тренерот Фабио Гросо. Нецели три месеци траеше авантурата на Гросо во францускиот тим. Лошите резултати се главна причина за заминувањето на Гросо, а Лион е на последното место на табелата во француското првенство само со седум бода од 12 натпревари.

Освен по лошите резултати, период на Гросо поминат во Лион ќе се памети и по една лоша сличка, а тоа е нападот од хулиганите на гостувањето во Олимпик Марсеј. Во тој напад најмногу настрада Гросо, кој доби потешка повреда на главата и мораше да има лекарска интервенција.

- Оглас -

Најнови вести