Пред две и пол години играше во Серија Д, а од денес е репрезентативец на Италија

Дефанзивецот на Бреша Андреа Цистана, се најде меѓу тројцата дебитанти во селекцијата на Италија за последните два квалификациски дуели за ЕП 2020. Младиот стопер кој до пред две и пол години настапуваше во Серија Д, ќе има шанса да го облече сениорскиот дрес на Аѕурите против БиХ и Ерменија.

Неговото патешествие е навистина инспиративно. Во мај 2017 година беше член на четвртолигашот Циливерге Маѕано, како позајмен играч од Бреша. Добрите партии му пружија шанса да се натпреварува еден ранг погоре, за тимот на Прато во сезоната 2017/18, а во Бреша за брзо време сфатија дека се работи за исклучително талентиран играч кој може да достигне врвно ниво.

Токму тоа и се случи, па Цистана од оваа сезона е стандарден првотимец во Бреша и запиша 10 настапи во Серија А. Неговиот квалитет го забележа и селекторот Роберто Манчини, па бидејќи Италија веќе го обезбеди местото на завршниот континентален турнир, може да експериментира и да им дава шанса на помладите.

Покрај 22-годишниот Цистана, дебитанти во репрезентацијата се Рикардо Орсолини од Болоња и Гаетано Кастровили од Фиорентина.

https://twitter.com/Vivo_Azzurro/status/1192842757750054919

- Оглас -

Најнови вести