Пред речиси пола век големата легенда постави британски рекорд за ситни пари во споредба со сегашните трансфери

Фудбалот и особено трансферите кои сега достигнуваат баснословни суми и од стотина милиони евра рапидно напредуваа што го покажува и случајот со Кени Далглиш, британскиот рекордер од 1977 година.

Токму на денешен ден пред 45 години шкотскиот фудбалски велемајстор за рекордна сума од 440.000 фунти, или за околу половина милион евра од Селтик се пресели во Ливерпул.

Тогаш, односно пред речиси половина век тоа беше асполутен рекорд во Велика Британија и најскап трансфер дотогаш.

Кени играше за Црвените од Енфилд до 1990 година и освои шест англиски титули и три во Купот на европските шампиони, или КЕШ, што сега се игра како Лига на шампиони.

Тоа беше и златната генерација на Ливерпул, која во ерата на Далглиш освои дури 21 пехар во наптеварувањата во кои учествуваше.

Рекордер на сите времиња сега е трансферот на Џек Грилиш од Астон Вила во Манчестер сити, направен лани за сума од 100 милиони фунти, или околу 120 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести