Пред спектаклот на „Вембли“ се појави Кличко и порача: Со брат ми ја водиме најголемата битка

Некогашниот боксерски првак во тешка категорија, Владимир Кличко преку видео бим се појави на „Вембли“ во Лондон, во пресрет на боксерскиот спектакл, мечот меѓу Тајсон Фјури и Дилијан Вајт. Владимир заедно со својот брат Витали се меѓу главните лица во одбраната на Украина од руската офанзива.

„Здраво на сите. Јас сум Владимир Кличко. Украинец сум и би сакал да сум сега на Вембли за да го гледам боксерскиот меч, но пред мене имам еден многу поголем меч. Сакам да им заблагодарам на сите кои ни помагаат во земјата. Ова се најтешките денови од нашите животи“, порача Кличко преку видео бимот.

- Оглас -

Најнови вести