Пред Србинот, Србин, а и по него Србин на клупата на Фенербахче

Фенербахче го ангажираше Александар Ѓорѓевиќ за нов тренер откако српскиот стратег потпиша тригодишен договор. Тој е замената за Игор Кокошков кој пред неколку дена ја напушти клупата по само една сезона.

Ѓорѓевиќ е трет српски тренер во низа кој ќе го води гигантот од Истанбул, пред него и Кокошков беше Жељко Обрадовиќ кој ja донесе единствената европска титула на Фенер во 2017 година заедно со Перо Антиќ.

Некогашниот селектор на Србија доаѓа по успешната авантура во Виртус Болоња каде што минатата сезона го предводеше тимот до титулата во Италија, како и до полуфиналето во Еврокупот. Ѓорѓевиќ пред тоа работеше во Баерн Минхен, Панатинаикос, Тревисо и Олимпија Милано.

Ѓорѓевиќ своето евролигашко деби со Фенер ќе го запише на 1 октомври против Црвена ѕвезда во Истанбул.

- Оглас -

Најнови вести