Пред Тер Штеген е тешка одлука – Мора да оди на операција која ќе го оддалечи од терените до четири месеци

Барселона и Марк Андре тер Штеген се пред тешка одлука која ќе мора да ја донесат во претстојните денови. Германскиот чувар на мрежата веќе со месеци се мачи со повреда на десната нога, па иако ја заврши сезоната во Ла Лига и се подготвува за обврските во ЛШ, голманот наскоро ќе мора да оди под нож.

Од клубот прават пресметки кога е најповолен период за Тер Штеген да легне на операциона маса и да ја корегира повредата. Со оглед на тоа дека Барселона сè уште има шанси во Лигата на шампионите, најпаметно за Германецот ќе биде да се оперира по завршувањето на сезоната.

Но, тоа ќе значи дека Каталонците во првите три до четири месеци од сезоната 2020/21 ќе бидат без првиот голман, бидејќи клупскиот медицински персонал смета дека Тер Штеген нема да закрепне пред декември. Тоа би било голем хендикеп за шпанскиот вицепрвак кој има намера веќе во следната сезона да се врати на шпанскиот престол, откако во оваа го препуштија на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести