Пред точно 19 години, Австралија даде 31 гол и постави рекорд кој нема лесно да се урне (Видео)

На 11 април 2001 година, националниот тим на Австралија како гостин ја совлада Американска Самоа со 31-0, резултат кој и до ден денешен, точно 19 години после таа средба, важи за светски рекорд на интернационален меч според убедливоста на резултатот. Јунак на средбата беше Арчи Томпсон, кој дури 13 пати ја затресе мрежата на несреќниот противнички голман. И овие 13 гола на Томпсон се актуелен светски рекорд.

Домашните се држеа во првите 8-9 минути, а потоа головите се редеа како на лента. И поразениот тим имал еден шут кон голот. Интересно е што на крај, на семафорот стоел погрешен резултат од 32-0, а А. Самоа прими „само“ 31.

Само два дена пред овој меч, Австралија ја совлада селекцијата на Тонга со 22-0. Овие резултати придонесоа Австралија во 2006 година да биде дел од азиската фудбалска конфедерација, па сега тие квалификации за СП играат со азиски противници, а во Океанија разигруваат овие земји кои се многу слаби според квалитетот.

Погледнете дел од головите на Сокеросите против Американска Самоа:

- Оглас -

Најнови вести