Пред точно 33 години паднаа двата најпознати голови во историјата на СП (Видео)

Денеска се навршуваат точно 33 години од легендарниот натпревар Аргентина – Англија од четвртфиналето на Светското првенство во Мексико, на кој Диего Марадона ги постигната двата најпознати голови во историјата на Мундијалите.

Аргентинците славеа со 2-1, а средбата помеѓу земјите кои пред тоа беа во војна поради Фолкландските острови, мина во знакот на тогашниот убедливо најдобар фудбалер на светот, Марадона.

Првиот гол беше нерегуларен, но судиите не го видоа итрото играњето на Марадона со рака, па го признаа погодокот за 1-0. Марадона прво не признаваше дека топката ја удрил со рака, туку рече дека тоа било „божјата рака“ и одмазда за поразот во војната.

Потоа, Марадона за 2-0 го постигна и најубавиот гол во историјата на светските првенства, тој ја прими топката во својата половина, тргна во напад, ги издрибла сите Англичани кои се обидоа да го запрат, го помина и голманот Питер Шилтон, и топката ја смести во мрежата.

 

- Оглас -

Најнови вести