Точно пред 9 години Горан Пандев со Интер ја освои Европа (Видео)

На 22 мај 2010 година, точно пред девет години, македонскиот фудбалер Горан Пандев го освои трофејот од Лигата на шампионите откако во финалето во Мадрид неговиот Интер победи со 2-0 против Баерн Минхен. Ова е датум кој за струмичанецот може да биде во уште поубаво сеќавање ако вечерва Академија Пандев го освои Купот на Македонија, што би бил прв трофеј за клубот на Пандев, кој е играч на Џенова.

Потсетување на 22 мај 2010 година, датумот кога Пандев стана прв и остана единствен Македонец со титула во Лигата на шампионите откако се игра по таков формат:

- Оглас -

Најнови вести