Пред три недели беше „скршен“ и плачеше за Барселона, а сега блеска во дресот на каталонскиот гигант

Жоао Феликс е вистинско освежување во тимот на Барселона. Португалскиот репрезентативец во каталонскиот гигант пристигна како позајмен играч од Атлетико Мадрид, и тоа во последните моменти на преодниот рок. Потоа како започна неговата кариера во Барселона, јасно е дека тешко може да се очекува Феликс да се врати кај Јорганџиите.

Чави веднаш му даде доверба на Феликс, а фудбалерот му врати на најдобар можен начин. Само на дебито против Осасуна, Феликс ги одигра последните 11 минути и немаше време да го покаже своето знаење.

Пред четири дена, Феликс беше стартер против Бетис и за 63 минути на теренот постигна гол во убедливата победа од 5:0. Синоќа Португалецот повторно беше стартер, а каталонскиот гигант повторно победи со 5:0. Овојпат беше „демолиран“ тимот на Антверпен, а Феликс постигна два гола, плус имаше и една асистенција. Беше заменет во 68-мата минута, кога веќе беше 5:0.

Пред да дојде во Барселона, фудбалерот беше „заборавен“ на клупата на Атлетико Мадрид. На еден од последните дуели додека го носеше дресот на Јорганџиите, Феликс беше забележан како очајно буквално плаче на клупата за резерви бидејќи нема шанса да заигра.

Сега ситуацијата е поинаква. Тој може да прерасне во нов миленик на Барселона.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести