Пред важниот меч на Холандија, Чави Симонс прави клупски трансфер: му рекол „да“ на европскиот гигант

Чави Симонс е еден од најталентираните фудбалери во светот и еден од оние кои се лидери во холандската репрезентација. Младиот 21-годишен креативец имаше одлична сезона во дресот на Лајпциг, каде што играше како позајмен играч од Пари Сен Жермен.

Според најавите, Симонс не планира да се врати во ПСЖ и треба да одбере нова дестинација. Повеќе европски гиганти се фокусираа на неговите игри. Но последните информации се дека холандскиот репрезентативец се договорил со Баерн Минхен.

Заминувањето на Симонс од Лајпциг треба да отвори повеќе простор и за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој пред шест месеци пристигна во германскиот бундеслигаш, но почесто беше на клупата за резерви отколку на теренот.

- Оглас -

Најнови вести