Пред влез во Лигата на шампионите е клуб „без држава“

Шериф Тираспол има историска шанса да заигра во групната фаза од Лигата на шампионите, а таму ќе им помогне и Бобан Николов, кој потпиша за молдавскиот клуб, клуб кој има интересна историја, непозната за пошироката јавност.

Тираспол е град во територијата Транснистрија, која има свој парламент, армија, валута и во Шериф велат дека тие се гордоста на Транснистрија, област на границата помеѓу Молдавија и Украина крај реката Дњестар, а мнозинството се Руси и Украинци. Во Обединетите нации, Транснистрија не е призната како држава, затоа таму и во УЕФА областа се води како дел од Молдавија, па затоа Шериф официјално е молдавски клуб.

Ако влезе во групите од ЛШ, Шериф веројатно ќе треба како домаќин да игра во главниот град на Молдавија, Кишињев, а таму важи друга валута и друга мрежа за мобилни телефони. Во Транснистрија користат рубљи, а зборуваат руски, украински, но и молдавски, кој е како романскиот, но користат кирилично писмо.

Шериф, кој освои 19 од последните 21 титула во молдавското првенство, вечерва на „Максимир“ во Загреб брани предност од 3-0. Ако успее да се најде во групите на ЛШ, тоа ќе биде најголем успех за клубот во кој има шаренило од играчи од дури 15-тина различни земји.

- Оглас -

Најнови вести