Пред вратите на „Олд Трафорд“ е квалитетен десен бек

Манчестер јунајтед продолжува со носење нови играчи во пресрет на новата сезона. откако на „Олд Трафорд“ пристигнаа стоперот Лени Јоро и напаѓачот Џошуа Зиркзе, следен на листата треба да биде Нусаир Мазуари.

Десниот бек на Баерн Минхен ги договори сите лични услови со гигантот од „Олд Трафорд“, но сепак треба да почека да се реализира трансферот на Арон ван Бисака во Вест хем.

Интересно е дека токму Вест хем беше тимот кој прв се загреа за доведување на Мароканецот, но Мазуари ги одби Чеканите. Токму затоа лондонскиот тим се фокусираше на Ван Бисака.

Ако Црвените ѓаволи го комплетира трансферот на Мазуари, ќе остане уште да се обиде да го придобие Матијас де Лихт, но таа комбинација е многу малку веројатна дека ќе биде реализирана.

- Оглас -

Најнови вести