Жозе Мурињо е единствениот тренер кој може да се пофали дека има трофеи од трите најважни натпреварувања на УЕФА, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига. Португалскиот стратег оваа сезона е во мисија за освојување на нов трофеј во Лигата на Европа, каде што неговата Рома е дел од четвртфиналето.
Во исчекување на следниот противник на Римската волчица, Мурињо коментираше дека во ова натпреварување не треба да учествуваат екипи кои веќе испаднале од друго натпреварување. Португалецот со ова мислеше на екипите кои беа елиминирани од Лигата на шампионите, а добија шанса во ЛЕ.
„Не ми е гајле за ждрепката. Таму има екипи на кои, според моето мислење, не им е местото затоа шо биле елиминирани од нивното натпреварување и треба да си одат дома. Ако победи екипа која испаднала од Лигата на шампионите, тоа нема ништо да ми значи. Ние сме во ова натпреварување од самиот почеток“, рече Мурињо.
Освен Рома, во четвртфиналето на ЛЕ се и: Манчестер јунајтед, Јувентус, Баер Леверкузен, Јувентус, Севилја, Феенорд и Ројал Унион СГ.
Мурињо ја коментираше и елиминацијата на Лацио од Конференциската лига. „Лацио? Нема уште едно натпреварување во кое би продолжиле да играат“, беше коментарот на Мурињо.