Пред ѕвездената публика, Шпанија по вторпат ја крена светската круна (фото)

Шпанија се искачи на кошаркарскиот врв со освоената втора светска титула. Црвената фурија беше убедлива против Аргентина во финалето со конечни 95:75 и сосема заслужено ќе се нарекуваат најдобри во наредните четири години.

Наградата за најкорисен играч во финалето и воопшто на целиот турнир заслужено припадна на Рики Рубио, кој реализираше 20 поени, седум скока и три асистенции против Аргентина. За најдобар стрелец беше прогласен Богдан Богдановиќ кој бележеше просек од 22,9 поени по натпревар.

Најдобра петорка:

Богдан Богдановиќ, Србија

Еван Фурние, Франција

Рики Рубио, Шпанија

Марк Гасол, Шпанија

Луис Скола, Аргентина

Следниот Мундобаскет ќе се одржи во 2023 година, на кое домаќини ќе бидат Филипини, Јапонија и Индонезија.

Крис Бош, двократен НБА шампион со Мајами хит
Некогаш ривали на Западот, Брајант и Паркер
Најкорисниот играч во НБА лигата за 2011 година, Дерик Роуз
Динамичното дуо на Сан Антонио, Тони Паркер и Ману Џинобили
Финалето не може да помине без најдобриот стрелец во историјата на Мундобаскетот – Оскар Шмидт (десно)
- Оглас -

Најнови вести